Повеќе илјади демонстранти излегоа во Скопје на протести поради пресудите во процесот „Монструм“. Демонстрантите беа собрани на булеварот помеѓу Битпазар и ТЦ „Мавровка“, каде јаки полициски сили опремени и со оклопни возила, го запреа движењето на протестот кон судскиот комплекс. Во првите редови се наоѓаше градоначалникот на Струга, Зијадин Села, чие појавување беше громогласно поздравено од масата. Демонстрантите скандираа „УЧК“, „Сакаме правда – стоп за Монструм“, „УЧК е ДУИ“, „Голема Албанија“ и друго. Протестот беше мирен, а за да не ескалира во насилство придонесоа редари избрани од самите демонстранти.

Вчера ДУИ и ДПА упатија соопштенија со кои ги повикаа Албанците „да бидат мирни и да се воздржат од акти на насилство“.

Протестите започнаа минатиот петок кога во Скопје повеќе илјади луѓе изразија незадоволство поради доживотните казни во процесот „Монструм“, а дел од демонстрантите ја нападнаа полицијата и со камења направија материјална штета врз зградата на судот како и на други објекти.

OhridNews

извор Телма