Од МВР со повеќе детали околу вчерашниот настан во кој животот го загуби едно лице. Инцидентот се случил околу 12.30 часот во населбата Рача. 42-годишно лице од село Стрелци-кичевско, при работа паднало од бандера и се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во охридската Општа болница. Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал.

Лицето било вработено во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качено на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што лицето и бандерата паднале на земја.

Увид на местото на настанот  извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Фото: Архива
OhridNews