Разногласие околу изборот на нов шех на Пир Мехмет Хајати теќето во Охрид. Дијаметрално спротивни ставови стигнуваат околу наследникот на шехот Осман Ефенди Дехар, кој почина неодамна. Според едни информации нов шех на теќето е Ерол Шех, а според други Шерафедин Шахим.

Во телефонски разговор Ерол Шех изјави дека му причинува голема чест да бидам шех на теќето, посочувајќи дека тој наследно доаѓа на оваа верска позиција.  „Шех може да се назначи било кој машки наследник од теќето односно од шеховската лоза, и тоа од страна на друг шех, доколку во Шеховската фамилија нема машки наследник тогаш може да биде назначен и некој што не е член на семејството Шех. Пренесувањето на титулата оди од татко на син“-посочуваат од семејството Шех.

Од одборот на теќето, пак, со поинаква информација. Како што изјави претседателот на одборот, мувтивелијата Џемаил Рахман, за нов шех на теќето низ соодветна процедура е избран Ефенди Шерафедин Шахим. Тој, како што посочи Рахман, е избран согласно духовните начела. 

Од одборот на теќето уште информираат дека изборот на Шерафедин Шахим е извршен согласно верските правила на ИВЗ и дека новиот шех е соодветна личност на таа позиција. „Секој може да дава изјави, но факт е дека шех се избира, а ние тоа го направивме. Денеска Ефенди Шерафедин Шахим седеше на местото предвидено за шех во теќето“-додаваат од одборот на верниците на Пир Мехмет Хајати теќето.

Пир Мехмет Хајати теќето во Охрид е голем духовен центар на муслиманите во Македонија и надвор од неа.

OhridNews