
– Со ревреднувањето на имотот се става крај на честата појава кога граѓаните пријавувале помалку имот. Сега проценките не ги прават сопствениците, туку овластени проценувачи кои се вработени во општина Охрид, со што се исклучува можноста за злоупотреби и се создаваат услови за поголема даночна дисциплина во оваа област, нагласуваат од локалната самоуправа.
Во периодот од октомври 2013 година до 11 јули 2014 година на подрачјето на општина Охрид извршено е ревреднување на 403 згради со 11.962 станови,390 деловни простори и 328 гаражи.
OhridNews











