Од општинската СДСМ со барање до градоначалникот и раководството на основното училиште „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата во кругот на училиштето.
– Од депонијата се шири непријатна миризба и претставува опасност од зарази, а тука секојдневно поминуваат деца кои ризикуваат да добијат некаква болест или инфекција. Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става во ризик и здравјето на учениците, велат од ОО на СДСМ.
Ваквите обвинувања од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги оценуваат како дел од „црната кампања“ која ја започнала СДСМ.
– СДСМ Охрид употребува претенциозни зборови, како депонија, што е всушност отпад кој најверојатно е направен од несовесни граѓани, и на место кое граничи со приватен имот, но потенцираме дека наведеното место веднаш е подложено на чистење. Потенцираме дека вакви акции за чистење на околината се направени повеќе пати до сега од страна на ВМРО ДПМНЕ, но без медиумска експонираност. Но кога веќе укажувате за депонии, да ВЕ потсетиме за вистинските депонии кои ги направи локалната власт предводена од СДСМ во време на владеењето на Александар Петрески и да прашаме дали целосниот градежен шут од рушената Градска библиотека заврши во Студенчишкото блато или кој е нивниот став и во кое време е направена депонијата Мауцкер?, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, додаваат дека секогаш се залагаат за чиста околина.
Реакција и од локалната самоуправа од каде наведуваат дека граѓаните сеуште го отплаќаат “модерниот” стил на работа на СДСМ Охрид.
– Наследениот долг на училиштата од општина Охрид заклучно април 2013 година, по основ нафта, струја, превоз, вода, канцелариски материјали, дрва и друго, само во основните училишта изнесува 44.186.913,00 денари, а во средните училишта 33.183.886 денари т.е. вкупно 77.370.799 денари. Или по училишта: вкупен долг на ОУ Братство Единство 12.426,508 ден, ОУ Христо Узунов 7.262.262 денари, ОУ Григор Прличев 8.467.157 ден, ОУ Св. Климент- Охридски 4.251.960 денари, ОУ Кочо Рацин 4.005.784 денари, ОУ Св. Наум Охридски 1.427.860 денари, ОУ Ванчо Николески 3.976.952 денари, ОУ Живко Чинго 1.488.590 денари, Основно музичко училиште 879.840 денари. Затекната катастрофална состојба и во средните училишта на име долг по истите основи и тоа: ОСУ Св. Климент Охридски 11.630.316 денари, ОУТУ Ванчо Питошески 8.013.542 денари, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски 13.540.028 денари, т.е вкупно 33.183.886 денари. Како куриозитет за предметното училиште Григор Прличев врз основа на вашата негрижа трошејќи го најголемиот дел од работното време во кафани и ресторани и правејќи астрономски репрезентации придонесовте за блокирање на сметката на училиштето за долг од повеќе од дванаесет милиони денари, велат од локалната самоуправа. Оттаму, ги обвинуваат СДСМ и дека за осум години владеење не успеале да заменат ниту еден прозор, санитарен јазол, не реновирале ниту една училница, не санирале ниту еден кров, не постигнале ниту еден значаен успех.
OhridNews











