Уште еден силен земјотрес го затресе Охрид во 11.39 часот. Иако интензитетот од страна на граѓаните беше почувствуван многу посилно отколку неколкуте изминати земјотреси, според првичните информации последниот е со јачина од 4.0 степени според Рихтер, со епицентар на 8 километри источно од Охрид. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 3 километри. 

Потресот предизвика вознемиреност кај граѓаните кои во паника ги напуштаа своите домови. Забележани се и оштетувања на постари објекти.

Претходно, во 9.58 часот регистриран е уште еден послаб земјотрес со јачина од 2.7 степени со епицентар на 9 километри северо источно од Охрид.

OhridNews