Маж и негова познаничка, двајцата од Скопје на возраст од околу 30 години, денеска нешто пред пладне, биле нападнати и претепани од неколку непознати лица на регионалниот пат Охрид – Струга. Напаѓачите потоа под присила го внеле мажот во автомобил и се упатиле кон Струга, соопшти полицијата.

Случајот во полициската станица во Струга го пријавила познаничката. На местото на настанот набрзо дошла полицијата и екипа на брза помош која ја пренела нападната жена во струшката болница. Таа нема посериозни повреди и по извршениот преглед е пуштена. – информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Во интерес на истрагата полицијата не соопштува повеќе детали за случајот. Во тек е потрага по грабнувачите, а полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

OhridNews