Успешната 10 годишна соработка помеѓу охридскиот женски центар „Бисера“ и организацијата на жени од Будва деновиве се одбележа во Охрид во х. ”Нова Ривиера”, каде се одржа модна ревија на која присуствуваа голем број гости.

Во рамки на настанот се претстави модната дизајнерка од Црна Гора, Јелена Џукановиќ со мошне интересна колекција на фустани украсени со накит во сребро, бисер и полудраги камења, креирани од охридската дизајнерка и изработувачка на уникатен накит Марија Филева.

Станува збор за ќерката на познатиот произведувач на оригиналниот охридски бисер Павел Филев.

Таа во 2010 год. во Будва се претстави со своја уникатна колекција на накит од бисери, а нејзиниот татко Павел Филев, при ја презентираше долгата семејна традиција на производство на охридски бисер. 

OhridNews