Српска државјанка на возраст од 32години починала на плажата Сараиште.
Причина за смртта, како што информираат од Општата болница во Охрид е срцев удар.
-Нешто по 14 часот во Интерното одделение при општата болница со возило на брза помош беше донесена жена родена 1980 година, без знаци на живот. Дежурната лекарска екипа околу 45 минути се обидуваше да изврши реанимација, но за жал безуспешно. Причина за смртта најверојатно е акутен инфаркт на миокардот, изјави за OhridNews Д-р Сашо Василески, раководител на Интерното одделение.
Срцето на несреќната жена и откажало додека таа била во вода, но на телото на починатата не биле забележани знаци на давење.
На местото на настанот извршен е увид, а по наредба на истражен судија врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, со цел да утврдат причините кои довеле до фаталниот епилог.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.