17:25 Сообраќајна несреќа се случи попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Св. Еразмо.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, од засега непознати причини дошло до судар на три патнички возила и едно товарно возило.
Во незгодата животот го загубило едно лице, а тројца се повредени. Двајца од нив се пренесени во Специјализираната болница Св. Еразмо во Охрид. – информира портпаролот Димовски.

На местото на настанот во тек е увид
Г.М.










