Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на магистралниот пат Охрид – Кичево во близина на селото Врбјани. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, возило со струшки регистарски таблички од засега непознати причини излетало од коловозот.

Во возилото имало три лица, а едно од нив – возачот е тешко повреден и пренесен е во болница, информира Димовски.

Освен екипа на брза помош на местото на настанот била повикана и екипа на противоожарната служба од Охрид.

Увид на местото на настанот врши увидна екипа од сообраќајната полиција при СВР Охрид.

OhridNews