22.00 Едно лице се здоби со животозагрозувачки повреди во тешката сообраќајна несреќа што денеска околу 13.20 часот се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на „Опел Старт“.

Во несреќата учествувале возило Опел Астра управувано од 82 годишен жител на кичевското село Српница и голф со струшки регистерски табличко управувано од 25 годишен жител на селото Теферич. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на астрата, кој веднаш бил пренесен во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на несреќата излегла екипа на сообраќајната полиција, а за време на увидот возилата на прометната магистрала наизменично се пропуштаа во двата правци.

Причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат.

OhridNews