Во 20.53 во Охрид е почувствуван уште еден земјотрес. Според првичните информации, тој бил со јачина од 3.2 степени според Рихтер. Епицентарот е 5 километри западно од Ресен кај селото Јанкоец на длабочина од само 2 километри.
Претходно земјотрес беше почувствуван во 13.29 часот со јачина од 2.6 степени, со епицентар кај Косел, охридско. Повеќе земјотреси со послаб интензитет беа регистрирани и во текот на минатата ноќ, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.
Регистрирани земјотреси во Охрид во изминатите 24 часа:
20.53 часот, јачина 3.2 степени според Рихтер, епицентар с.Јанкоец, ресенско
15.45 часот, јачина 2.3 Рихтер, епицентар Охридско
15.30 часот, јачина 2.6 Рихтер, епицентар Охридско
13.29 часот, јачина 2.6 степени Рихтер, епицентар Косел
9.30 часот, јачина од 2.3 степени Рихтер, епицентар 7 километри од Косел
6.02 часот, јачина од 2.5 степени, Косел
3.52 часот, јачина 2.9 степени, Охридско
23.26 (27.06.), јачина од 2.7 степени, епицентар Косел.
OhridNews












