По силниот земјотрес од 5 степени според Рихтер во 13.18 часот, во охридското епицентрално подрачје регистрирани се серија потреси со средна јачина. Посебно вознемирувачки беа четирите последователни потреси кои започнаа во 20.03 ч. со магнитуда од 4, 3.4, 3.5 и 4.1 степени според Рихтер. На овие потреси им претходеа уште два со јачина од 3 степени во 14.08 часот и 3.5 според Рихтер во 18.14 часот.

Според експертите од Институтот за земјотресно инжинерство, се работи за афтершокови, кои можат да потраат извесен период, но се на мислење дека не може да се случи посилен земјотрес од 5 степени според Рихтер, иако како што велат, земјотрес не може да се предвиди.

OhridNews