Тлото во Охрид и понатаму се тресе. По низата земјотреси евидентирани вчеравечер, од полноќ до сега регистрирани дваесеттина земјотреси.

Послабите биле со интензитет од 2.4 до 2.8 степени, а во 8.36 часот  и во 10.27 се евидентирани посилни потреси со јачина од 3.7 степени. После пладне земјотреси со јачина од 3.0 до 3.3 се регистрирани во 12.31 часот, во 13.10 и во 13.19 часот. Евидентирани се неколку послаби со интензитет од 2.5 до 29 степени.

Надлежните смируваат дека нема место за паника, но и покрај тоа голем број граѓани и гости во Охрид и околината ноќта ја поминаа на отворено или во своите автомобили.

До локалната самоуправа поднесени се над сто пријави за настанати штети во објекти по силниот земјотрес што се случи вчера после пладне со јачина од 5 степени.

OhridNews