„Веселата страна на животот“ беше насловена свечената програма со која учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ вчеравечер го прославија патронатот на своето училиште.

Во рамки на приредбата која изобилуваше со бројни музички, драмски и литературни точки, подготвени од страна на учениците и наставниците, беа доделени и признанија за учениците кои биле најдобри на литературниот и ликовниот конкурс.

Пред почетокот на свечената програма беше одржана и продажна акција на детски ракотворби изработени од страна на учениците.

Свеченостите посветени на Свети Климент, продолжуваат и денеска во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ каде што ќе се одржи изложба на ликовни творби на учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“ и промоција на „Збирка задачи во С++“ – Проект изработен од ученичката Исидора Јанева и професорката Жаклина Лазаревска. Во 20 часот во големата сала на Центарот за култура ќе започне свечената приредба по повод патрониот празник на гимназијата.

Фото: Емилио и OhridNews