Според информации од ЈП „Македонија пат“ и МВР воведените забрани за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на патот Мавровска раскрсница – Дебар, се укинати во 18:20ч., информираат од АМСМ. 

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози. Поради ваквите временски услови, потребно е посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони, предупредуваат од АМСМ.

Потсетување дека патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е затворен за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год. Исто така потсетување дека на 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, која е на сила до 15.03. следната година.  

OhridNews