На Клиниката за инфективни болести починаа две лица заболени од коронавирус, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Еден пациент на 91 годишна возраст, кој бил хоспитализиран осум дена, а рано утрово починал и 31-годишен пациент од Скопје, чија клиничка слика била тешка.

Вкупниот број на нови случаи кои се потврдени во изминатите 24 часа се 18 со што вкупниот број на заболени во земјава е 259.

На инфективната клиника во Скопје се примени три лица од Скопје и Куманово, што значи на клиниката во Скопје се хоспитализирани вкупно 49 лица од кои седум се со потешка клиничка слика. Нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина.

Пред нас е најтешкиот период – бројот на заболени ќе расте и во светот и кај нас. Сите мора да ги почитуваат препораките, успехот во оваа борба зависи од секој од нас! – порача министерот Филипче.

OhridNews