Денес околу 18 часот избувнал голем пожар во деловен објект на патот Охрид-Струга во близина на селото Мислешево.

Според неофицијалните информации, Противпожарната станица од Струга интервенирала на терен со пет противпожарни екипи, а на помош биле повикани и противпожарни екипи од Охрид. Во прилог објавуваме аматерско видео од пожарот снимено со мобилен телефон.

Инаку пожарникарите се уште работат на локализирање и гасење на пожарот кој предивикал голема материјална штета.

OhridNews