Вчера утрото, во 06.10 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата на кружен тек од бул.„Туристичка“ со ул.„Јане Сандански“ во Охрид, 21-годишна жителка на Куманово управувајќи патничко возило „Опел“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во метална канделабра.

По ударот возилото се запалило, а со брза интервенција на охридската противпожарна единица, пожарот е изгаснат.

Во незгодата возачката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, а нејзината сопатничка (21), исто така од Куманово се здобила со телесни повреди, константирани во Општата болница Охрид, информира полицијата.

На местото на незгодата увид извршила екипа на СВР Охрид.