Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги објави првите снимки од досието „Вистината за Македонија“.  Како што тој истакна во интерес на државата, поради што е должен да ги сподели јавно со граѓаните. Тој посочи дека се прислушувани над 20.000 граѓани, а од политичарите единствено нема телефонски запис од прислишкуван разговор меѓу премиерот Груевски и шефот на УБК, Сашо Мијалков.

-Поднесуваме кривични пријави против Сашо Мијалков, директор на УБК, Горан Груевски раководител на петта управа и НН вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање. За вработените  кои учествувале, но го пријавиле кривичното дело, очекуваме да се употреби член 151 став 5 од Кривичниот Законик, со којшто овие лица се ослободуват од гонење. Испраќам порака: Ќе се бориме за заштита на сите вас кои се охрабривте и се охрабрувате да се спротивставите на газењето на Уставот и законите. Во прилог на Кривичната пријава има повеќе од 300 мои телефонски разговори, снимени само за неколку денови. Ова е само мал дел од прислушувањето на моите телефони, што траело најмалку 4 години во континуитет, рече Заев.

Тој истакна дека заедно со опозицијата целосно ја има изгубено довербата во правосудните органи.

-Кривичната пријава ја поднесуваме за да оставиме трага, за да покажеме дека го почитуваме Уставот и законите во нашава земја. Но, доколку Јавното обвинителство се одважи и покрене независна и транспарентна истрага, тоа јавно ќе го поздравиме, ќе бидат херои за идните генерации. Се што треба е да се почитуваат Уставот и законите на Република Македонија, ништо повеќе или помалку. Ваква широка операција, на прислушување и тонско следење во ваков обем од преку 20.000 граѓани е невозможна без учество на Министерството за внатрешни работи, односно Управата за безбедност и контраразузнавање и без поврзаност со мобилните оператори. Бидејки се шират лаги дека наводно прислушувањето го вршела неидентификувана странска разузнавачка служба, во Кривичната пријава, бараме вештачење на автентичноста на снимките, со што ќе се потврди дека се во целост веродостојни. Бараме вештачење од страна на стручна установа. Ова е посебно важно бидејки се работи за следење и прислушување со опрема единствена во државата, што ја поседува УБК и којашто што бара посебна специјалност на вешти лица, со што ќе се ослободат од притисоци овие лица врабитени во највисоките структури на МВР и УБК, рече меѓудругото Заев.

На денешната прес конференција беа презентирани аудио записите од разговори на Заев со новинар, деловен пријател, Радмила Шеќеринска и со најтесното семејство. Исто така беа презентирани и аудио записи на телефонски разговори на министри од Владата и неколку македонски политичари.

 

OhridNews