Започнаа активностите за асфалтирање на три краци од улицата „Даме Груев“, информираат од Општина Охрид.

Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри, соопшти локалната самоуправа .

Средствата, во висина од 10.471.036 денари, се обезбедени од националниот буџет наменети за подобрување на регионалниот развој на општините, преку проектите на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, додека во фазата на изведба се појавија неопходни работи за изведба на атмосферска канализација на два од споменатите краци, а за што со околу 1,1 милион во извршувањето на овие работи учествува партнерот во проектот – Општина Охрид.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на регионалниот економски развој преку туризмот, културата и другите економски дејности“, што го имплементира Центарот за развој на Југозападниот плански регион, преку Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој за 2022 година.

Во рамките на овој проект на Центарот за развој, активностите се завршени во Центар Жупа каде целосно е реконструиран патот до населеното место Бајрамовци во должина од 1.600 м, тековно партерно се уредува просторот околу Туристичкиот центар во Вевчани со површина од 1.000 м2, а се очекува наскоро да започнат работиоте за уредување на пет улици во стариот дел на Струга.

Вкупната инвестиција на споменатите активности е околу 45 милиони денари, нагласуваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион

OhridNews