Специјалното јавно обвинителство ги побарало од Јавното обвинителство Скопје предметите „Маѓар телеком“, предметот за пиштолите во кој е осомничен поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски и уште еден предмет за производство и дистрибуција на детска порнографија во кој е осомничен синот на Верушевски, но скопското обвинителство смета дека овие предмети не се во надлежност на новото Обвинителство.

„Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека предметите што се бараат не се поврзани, ниту пак произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па од тука барањата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите не се во согласност со Законот, како и дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство му се дадени со Законот“, сметаат дека Обвинителството.

Затоа побарале Советот за јавни обвинители да се изјасни дали Специјалното обвинителство постапува законски. Според нив Специјалниот обвинител е професионално одговорен за својата работа пред Советот на јавни обвинители.

На прес конференцијата на која беше соопштен првиот случај „Титаник“, Специјалното јавно обвинителство соопшти дека започнало и други предистражни постапки.

Соопштија дека, засега започнати се предистражни постапки за предметот„ Маѓар Телеком“, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава.

OhridNews