Коалиција на младински организации СЕГА ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постојниот објект – поранешната менза во рамките на Касарната „Михајло Апостолски“ – во современ и функционален Младински културен центар во Охрид.

По завршувањето на процесот на оценување од страна на стручната комисија, беа избрани трите најуспешни трудови.
Добитници на наградите се:
Прва награда – [Шифра: X0X00X0X] – 220.000 денари
Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков
Соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев
Втора награда – [Шифра: БИ15МА92] – 120.000 денари
Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин
Трета награда – [Шифра: МНТ2001В] – 60.000 денари
Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска
Избраното идејно решение ќе послужи како основа за изработка на основниот проект, врз кој Општина Охрид ќе ги планира следните чекори за реконструкција и целосна реализација на Младинскиот културен центар. Со реализацијата на овој проект, Охрид ќе добие нов современ простор што ќе биде наменет за културни, едукативни, уметнички и младински активности, поттикнувајќи ја креативноста, активното учество и развојот на младите, велат од Општина Охрид.
Свечената промоција на наградените идејни решенија и доделувањето на наградите ќе се одржат во август 2026 година, во рамките на програмата „Недела на млади“, со која Младински Центар Охрид традиционално го одбележува Меѓународниот ден на младите – 12 Август.
OhridNews










