Екипата на Скопје го однесе целиот плен од Охрид совладувајќи ги „рибарите“ со минимални 1-0 на СРЦ „Билјанини Извори“ во дерби средбата во рамките од четвртата рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад. Охридските „сино-бели“ беа под нивото и не одиграа според очекувањата. На крајот од дербито на колото мораа да му честитаат на противникот и теренот да го напуштат со наведнати глави.

Симоновски (2): Сигурен на голот. Немаше што да направи во 35-та минута кога Ајрулаху излезе сам пред голот и ја погоди мрежата.

Вељаноски (1,5) – Ариф (1,5): Охридските бекови под нивото. Вељаноски не реагираше најдобро во 35-та минута кога Скопје поведе со 1-0, додека Ариф кој обично е офанзивен немаше некоја забележителна задача во натпреварот.

Лекоски (1,5) – Цуцули (1,5) – (Трпески 1,5): Стоперското трио мака мачеше со напаѓачите од Скопје. Во поле премногу грешки и сите одземени топки не беа искористени за транзиција. Во напад преку прекините ниту еднаш не се заканаа.

Ристески (2) – Маркоски (1,5): Тандемот младинци на теренот не импресиониараше на мечот со Скопје. Ристески дефанзивните задачи си ги одработи максимално пред да биде заменат на полувремето, додека кај Маркоски е забележителен пад во формата. Маркоски имаше супер шанса за погодок но ударот со глава од „петерец“ заврши над голот.

Кочоски (1,5), Алији (2), Ѓорѓиески (1,5): Офанзивците се бореа, но без успех. Кочоски без посериозен учинок во напад. Алији констатно се нудеше и ја бараше топката. Од него почнуваа сите акции и напади на Охрид. Ѓорѓиески на позицијата шпиц не се покажа најдобро решение. Во второто полувреме беше вратен позади и имаше коректна улога на теренот.

Измени:

Целески (1,5): Влезе во игра во 46-та минута. Ја имаше можеби најдобрата прилика за погодок, но место во мрежата го погоди в лице гостинскиот голман. Желбата за игра беше видлива,.

Реџепи (2): Неговото влегување во 55-та минута ја размрда екипата. Премногу грешеше и солираше, но сите шанси на Охрид дојдоа по негова иницијатива.

Дишлиески (2): Само што влезе и веднаш влезе во гол шанса. Внесе свежина по десната страна од каде имаше неколку користи центаршутеви.

Бочески (1,5): Формациски добро ја постави играта, но згреши со изборот на играчи и мечот го започна без класичен „шпиц“ играч. Во второто полувреме ја поправи грешката, а Скопје веќе имаше предност.

 

OhridNews

Скопје го однесе целиот плен од Охрид

Реакции после натпреварот Охрид – Скопје