Екипата на Охрид ја забележа третата победа во четвртиот натпревар на домашен терен сезонава во Втората македонска фудбалска лига-запад. „Рибарите“ со 1-0 славеа против Тетекс. Охридските „сино-бели“ покрај со ривалот се соочија и со притисокот кој го имаа после двата порази на гостински терен. Не потклекнаа, туку одиграа храбро и одлучно во моментите и кога имаа фудбалер помалку.

Симоновски (2,5):  Без многу работа и интервенции но секогаш смирен, концетриран и на висина на задачата.

Вељаноски (2,5) – Новичиќ (2,5): Повеќе од добар натпревар за бековското дуо на Охрид. Вељаноски принудно на левата бековска позиција и конкретен во нападите, додека Новичиќ одигра квалитетен меч и ја искористи шансата во првиот состав.

Цуцули (3) – Трпески (2,5): Стоперскиот тандем во соработка со голманот Симоновски и бековите Вељаноски и Новичиќ ја исполнија задачата и ја зачуваа мрежата. Цуцули ја презеде одговорноста за пеналот и го постигна голот, кој на крајот се покажа доволен за победа.

Маркоски (2,5) – Кочоски (2,5): За доминатната игра на Охрид виновни се „везните“ играчи Маркоски и Кочоски. Сигурни во пас играта и не губеа премногу топки. Маркоски подоцна доби дефанзивни задачи, а Кочоски во жарот на борбата направи црвен картон.

Наумовски (2,5) – Бакулески (3): Прв старт за Наумовски и Бакулески. Наумовски добар и желен за докажување, додека Бакулески беше вистинско освежување. Фудбалски кажано го „намести“ противникот во казнетиот простор за пеналот, кој Цуцули го претвори во погодок.

Реџепи (2,5) – Целески (2,5): Постот без погодок на Реџепи и Целески продолжи, но формата им е во нагорна линија. Целески убаво влезе во две гол шанси, додека Реџепи беше констатна закана за противнички играчи.

  • Измени: 

Дишлиевски (2,5): Го замени Наумовски на стартот од второто полувреме. Имаше неколку убави пробиви по левата страна, кои не завршија со погодок. Најважно е што се врати во натпреварувачки ритам после повредата на дуелот со Кадино.

Мерсовски (3): Неговото влегување во игра го „размрда“ Охрид. После водечкиот погодок имаше прилика да го отпише Тетекс, но голманот добро реагираше. Популарниот „Џеко“ во следните натпревари сигурно ќе се покаже во најдобро светло и ќе докаже зошто е доведен во Охрид.

Ристески (2,5): Влезе во игра во финишот. Делуваше пред одбраната и направи неколку тактички фаули, со кои недозволи противникот да развие игра.

Марино Маркоски (3): Во отсуство на Драган Бочески, Марино Маркоски ја водеше екипата на дуелот со Тетекс. Формациски играта беше добро поставена, а и измените ги направи правовремено и екипата доби на свежина.

Мх.П.

 

„Рибарите“ со познат рецепт до нова победа во Втората лига