Општина Охрид реализира уште еден значаен проект од областа на културата – „Културен информатор“ кој започнува со работа во текот на јуни.

Концерти, изложби, фестивали, промоции, театарски претстави, детски програми, работилници и бројни други културни содржини ќе бидат дел од месечната агенда која ќе го претставува богатото културно живеење на градот. Преку културниот информатор ќе се овозможи поголема поврзаност помеѓу културните институции, здруженијата, уметниците и публиката, но и поголема достапност и видливост на културните настани, потенцираат.
OhridNews












