Од 1 јули Македонски Телеком и Т- Мобиле стануваат една компанија
17.06.15 16:34
Македонски Телеком“ и „Т-Мобиле Македонија“ станаа една компанија. Како што соопштија денеска двете фирми, одлуката е донесена на Собранието на акционери одржано на 17 јуни, со прифаќање на Спогодбата за присоединување. Новиот субјект ќе почне да функционира од 1 јули, од кога „Македонски телеком“ ќе нуди и фиксни и мобилни услуги како интегриран давател на телекомуникациски услуги. „Т-Мобиле“ од 1 јули нема да постои како правно лице, а сите вработени, како и целокупниот имот и обврски ќе бидат преземени од „Телеком“.
На чело на компанијата ќе биде Андреас Маиерхофер, актуелниот главен извршен директор на „Телеком“, а првиот човек на „Т Мобиле“, Жарко Луковски, во иднина ќе биде на позицијата главен оперативен директор.
Присоединувањето, сметаат во компанијата, има за цел да го оптимизира работењето и подобрување на финансиските резултати.
Како една компанија, посочуваат во „Телеком“, ќе се стремат да креираат конвергирани услуги, кои ќе бидат за целото семејство и ќе ги покријат сите комуникациски потреби: интернет, мобилна, фиксна телефонија и телевизија.
Советот на Општина Охрид следната недела, на 27 февруари, со почеток во 9 часот ќе ја одржи седмата седница На Дневен ред се 17 точки меѓу нив и предлог одлуката за започнување постапка за присоеди...
Вечерва од 19 часот во Култ Културен Центар ќе биде прикажан филмот „Прличев, Сердарот и јас“ од Милчо Јованоски Филмот е во продукција на НУБ „Григор Прличев“ Охрид Всушност тој е интервју со проф...
Илјада и десет килограми небезбедна “здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај операто...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.