Од 17 март Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава, информира амбасадата на Словачка во земјава.

Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија, стои во објавата на Амбасадата на социјалните медиуми.
Директната авио-линија, посочуваат, отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата.
Дополнително, новата авио-линија, велат, ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.
Авио-линијата Охрид-Братислава преку авиокомпанијата Визер беше најавена пред околу два месеци на средбата на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова. Николовски тогаш посочи дека истата ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави и ќе придонесе за развој на туризмот.
Н.С.Ј.












