Од јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги информираат жителите на стариот дел од Охрид, дека од ден 20.08.2018 година регулирањето на сообраќајот во тој дел ќе се одвива со помош на рампите кои се поставени на приодите кон стариот дел од градот.

Информацијата се однесува на рампите кои се поставени кај Горна порта и  на Македонски Просветители кај поштата .