Охриѓани и туристите и годинава ќе можат да уживаат во квалитетното вино, закуските и одличниот избор на музичките перформанси. Од 25-ти до 27-ми јуни на кеј „Македонија“ во Охрид, на потегот пред хотел „Палас“ ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival.

Охридскиот кеј станува место за вино, музика, гастро уживање и летни вечери со посебна атмосфера, велат организаторите.

Петтото издание на фестивалот носи три дена исполнети со вкусови, дружење, енергија и препознатливиот шарм на Охрид, посочуваат организаторите.

Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.

Повеќе детали за настанот се очекува во перидот кој следува.

OhridNews