Од министерството за внатрешни работи информираат дека во периодот од 18 часот на 14-ти март до 15 часот наредниот ден во струшкото село Биџево, од багажник на патничко моторно возило „Опел Астра“ со струшки регистарски ознаки, кое било паркирано во гаража сопственост на 66-годишно лице, од страна на непознат сторител одземени се пет пиштоли и еден револвер, кои биле ставени во торба.
Оружјето, возилото и куќата се сопственост на 66-годиното лице, кое пред седум дена заминало во Швајцарија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од НК КР Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
OhridNews












