На Скопскиот аеродром во четврток, 1 ноември, ќе биде одбележано  воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на  грчката  авиокомпанија  „Ејџиан Ерлајнс“.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник. Од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

Од Скопје до Атина, и обратно, ќе се стигнува за 1 час и 15 минути.

OhridNews