Според прогнозите на синоптичарите, денес во земјава ќе преовладува променливо облачно, на повеќе места нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, а локално можна е појава на невреме со обилни врнежи од дожд, засилен ветер и град. Променливо облачно и релативно посвежо време со повремен локален дожд и ретка појава на грмежи се предвидува и за утре. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец,  УВ = 6.

Во Охрид, стабилизирање на временските услови се очекува од недела,  за кога се предвидува сончево и умерено облачно време, со максимална температура до 24 степени и минимална 13 степени.

OhridNews