Од денес во основните училишта почнува уписот на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година. Уписите ќе траат до 29 мај.

Училиштата во Охрид веќе ги имаат објавено известувањата во кои точно се наведени сите потребни документи и условите за упис на учениците во прво одделение.
Минатата 2025 година образовниот процес во основните училишта на територијата на Општина Охрид го започнаа 422 првачиња, во 2024/2025 435 првачиња, додека во 2023/2024 година бројот на запишани првачиња бил 445.
Низ годините наназад податоците говорат дека во учебната 2021/2022 се запишале 504 првачиња, во учебната 2020/2021 биле запишани 480, додека во учебната 2019/2020 биле запишани 483 првачиња. Најголема бројка на запишани првачиња, сепак, се бележи во учебната 2022/2023 кога образовниот процес го започнаа 523 првачиња.
Н.С.Ј.












