По бројните реакции, од министерството за култура информираат дека денес, во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои биле одбиени на Годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година.

Одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета, додаваат од министерството.

По објавувањето на резултатите од конкурсот следеа бројни реакции од познати фестивали, национални установи, поединци кои изјавија дека одлуките за распределба на средства биле неиздржани и неправедни.