Од денес стапуваат на сила новите тарифи за паркирање на на двете најцентрални локации во Струга – плоштадот и Машка плажа, информираат од ЈП „Еко“ Струга. Новите цени, велат, се воводуваат согласно донесената одлука на Советот на Општина Струга.
Целта на воведувањето на новите тарифи е намалување на сообраќајниот метеж, зголемување на протокот на возила, спречување на долготрајното паркирање и воспоставување поголем ред и функционалност во централното градско подрачје, посочуваат.
Мерките, потенцираат, се дел од нивните заложби за создавање поуредена, пофункционална и подостапна Струга, како за граѓаните, така и за сите посетители.
OhridNews














