Од денес се применува посебниот режим на паркирање на отстапените на користење паркинг-простори на ЈП „Билјанини Извори“ на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, согласно донесената одлука на седница на Совет.

За овие жители паркирањето на обележаните паркинг-места ќе биде без надоместок, согласно донесената одлука. Паркирањето на обележаните паркинг-места е забрането за сите возила кои не поседуваат соодветна резидентна налепница. За возилата кои нема да ја почитуваат утврдената регулатива ќе се преземаат мерки согласно правилата за паркирање, вклучително и поставување блокатор на возилото, информираа од претпријатието.
Потенцираа дека возилата кои ќе бидат паркирани на необележан паркинг-простор, на коловоз или на друга јавна површина на улиците „Илинденска“, „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“, спротивно на поставената сообраќајна сигнализација, ќе бидат санкционирани од страна на Министерството за внатрешни работи, согласно важечките законски прописи.
Дополнително, резидентните жители од наведените улици ќе можат бесплатно да го користат и паркингот во склоп на Општина Охрид до 1 септември 2026 година. За добивање дозвола за користење на овој паркинг, жителите треба да се обратат во просториите на Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид и да ја приложат потребната документација. За туристите и останатите посетители на градот е овозможено користење на паркинг-просторите во Б-зона, со можност за купување месечен паркинг-билет, појаснија.
Воедно, посочија дека правните и физичките лица дотурот на стока во стариот дел на градот треба да го вршат најдоцна до 10:00 часот.
OhridNews










