Граѓаните на општина Охрид кои сметаат дека вчерашниот силен земјотрес има нанесено материјална штета на нивните имоти , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.

Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот  од денес (вторник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е  Дипл. Земјоделски инжинер Радован Вељаноски, Претседател на Општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
 
Покрај барањето, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и доказ за сопственост на имотот (имотен лист), а доколку лицата поседуваат фотографии истите да ги приложат кон барањето.

OhridNews