3.647 матуранти кои од оправдани причини не полагале државна матура во јунскиот испитен рок, и оние кои не положиле некој од предметите, неделава полагаат матура во августовскиот рок.

Прелиминарните резултати од државната матура ќе бидат достапни најдоцна 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит. Учениците кои нема да бидат задоволни од добиената оценка по некој предмет, имаат право на приговор кој треба да се достави до Државниот испитен центар. По завршување на процесот на приговори, ќе бидат објавени и конечните резултати од државната матура од августовскиот испитен рок.

Денес ќе се одржат испитите по  мајчин јазик и литература, (македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература), на 13.08.2014 (среда), ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, (англиски, француски, германски и руски јазик), на 14.08.2014 (четврток), се полага математика (основно и напредно ниво), естетика и филозофија и на 16.08.2014 (сабота), ќе се спроведат испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис. Интерните предмети матурантите ќе ги полагаат во периодот од 19 до 23 август, додека презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се спроведе од 19 до 22 август.

Екстерната проверка на знаењето на учениците ќе се одржи на 14, 15 и 18 август. Ќе полагаат 2.685 ученици по еден или два предмети. Учениците ќе знаат три дена пред полагањето по кој предмет ќе бидат тестирани. Рспоредите за екстерното тестирање ќе бидат објавени на веб страната www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk и на огласните табли во училиштата.

OhridNews