Следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите на воздухот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во сабота минималната температура ќе се движи од -10 до -2, а дневната од 4 до 10. Во недела минималната температура ќе достигне до -7 степени, а максималната до +15. Во понеделник утринските температури на места ќе бидат во позитива, а максималната дневна ќе достигне до +18 степени Целзиусови.

OhridNews