Поради градежни активности од денес ќе биде воведен привремен режим на сообраќај на улица „Кленоец“ од пресекот со улица „7-ми Ноември“ до пресекот со булевар „Железничка“.
Се апелира до граѓаните во период на реконструктивните активности да се почитуваат сообраќајните правила и знаци, да не се паркираат или привремено оставаат возила на оваа јавна површина, велат од Општина Охрид.
OhridNews













