Редовното пријавување на секои 30 дена (за активните баратели на работа), односно на секои 6 месеци (за другите лица кои бараат работа), продолжува од денеска 15 септември. За таа цел веќе се испратени смс пораки до невработените лица, со точниот датум кога треба да се пријават во надлежниот центар за вработување или дисперзирана канцеларија, информира Центарот за вработување Охрид.

Од денеска продолжува редовното пријавување на невработените лица

Невработените лица кои немаат оставено точен контакт телефонски број, ќе можат да се пријават во наредните 30 дена. Задолжително треба да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за спречување на ширење на вирусот КОВИД 19, односно задолжително носење заштитни маски и одржување соодветна дистанца од другите лица, соопшти Центарот за вработување Охрид.

OhridNews