Добротворната акција која започна на Велигден 2018 година полека преминуваа во традиција. И оваа година на иницијатива на хуманата волонтерка Ана Чукалевска охриѓани даруваа многу облека, обувки  и играчки кои празнично аранжирани преку црквата Св. Богородица – Каменско, ќе им бидат поделени на социјално загрозени категории граѓани.

Дополнително за нив обезбедени се и стотина празнични оброци, кои ќе бидат поделени на Велика Сабота, ден пред големиот христијанкси празник Велигден.

Велигден е голем христијански празник за сите луѓе без разлика на кој слој во општеството припаѓаат. Оваа година акцијата ја прават граѓаните за своите сограѓани се со цел и тие достојно да го пречекаат овој голем празник. Целокупната донација од облека (за сите возрасти), опрема и храна ќе биде доставена во храмот “Света Богородица Каменско”. Да останеме хумани да веруваме во бога и да помагаме таму каде што треба. –  вели Ана Чукалевска организатор на акцијата.

Акцијата насловена „Од луѓе за луѓе“, ќе трае до Велигден, а сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат тоа можат да го направат во црквата Св. Богородица Каменско.

OhridNews