Во рамките на работната посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со главниот комерцијален директор на Флајдубаи, Хамад Обаидала.

Во фокусот на разговорите беа можностите што директната авиолинија ги отвора за натамошно унапредување на економските и трговските врски, привлекување инвестиции, како и за зајакнување на туристичката и културната соработка меѓу двете земји.
Министерот Муцунски оцени дека воспоставувањето на директната линија претставува конкретен резултат од активната економска дипломатија и заложбите за подобра меѓународна поврзаност.
Воедно, беше истакната значајната улога на Амбасадата во Обединетите Арапски Емирати во остварувањето на оваа цел, преку посветена и континуирана работа во изминатиот период.
OhridNews











