Наредниот викенд, ноќта меѓу сабота и недела, 28 и 29 октомври, почнува зимското сметање на времето така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.
Се смета дека периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, од кои повеќето се на северната хемисфера.

OhridNews