Повеќе од 30 волонтери од Клубот на млади при општинскиот Црвен крст , вработени во ЈП Охридски Комуналец и претставник на Лајонс клубот од Гетеборг- Шведска, од раните утрински часови ги чистеа некомерцијалните плажи на Охридското крајбрежје.
Почнувајќи од просторот кај реката Велгошка, на потегот од Грашница до населбата Далјан и во делот на трските кај Холандскиот парк, за само 2 часа беа собрани над 30 вреќи со најразличен отпад, во најголем дел пластични шишиња и најразлична амбалажа, гума и сл.
Акции од ваков тип во соработка со ЈП Охридски Комуналец, Црвен крст Охрид ќе организира и во текот на летото на т.н. “диви” плажи кои имаат пристап само од вода, при што ќе треба да се вклучат и пловните објекти на Црвен крст Охрид.
Учесниците во акцијата со апел до охриѓани и гостите да уживаат во убавините на Охрид, но да ја чуваат животната средина, отпадоците да ги фрлаат во корпи и контејнери за отпадоци и на места определени за таа намена.
OhridNews