Од Нова година во Бугарија вињетките за користење на тамошните патишта кои до сега беа самолепливи и задолжително требаше да се постават на предното ветробранско стакло, се заменуваат со електронски, кои можат да се купат преку платформата bgtoll.bg, на која има опции на повеќе јазици, но не и на македонски.

Тука може да се купи викенд, неделна, месечна, тримесечна и годишна вињетка, со тоа што истата не треба да се лепи на автомобилското стакло. Постои можност за избор на време на важење, а периодот на активација е ограничен до 30 дена. Плаќањето може да се врши онлајн со кредитна или дебитна картичка.

За купената вињетка може да се добие онлајн потврда на електронска пошта, а изборот се прави при купување.

OhridNews