Охрид интензивно се подготвува за НАТО самитот, што ќе се одржи кон крајот на овој месец. Покрај инфраструкктурните зафати во тек е и расчистување на јавните површини од стари и дотраани автомобили и други предмети.
Во заедничката акција на МВР и општинската комунална инспекција што започна неодамна, до овој момент подигнати се околу 180 хаварисани возила од јавните површини во градот.

Верувам дека до самитот на НАТО комплетно ќе ги расчистиме улиците во Охрид, а овие денови ќе отпочнеме и со подигање на кајчињата од повеќе локации на брегот од Езерото, најавува Танасоски. Тој информираше дека ќе се подигаат кајчињата на брегот од Канео, Грашница, Сараиште, Билјанини извори и Пештани.
„Ќе се отстрануваат само кајчињата кои се наоѓаат на брегот“, објаснува Танасоски. Тој вели дека и покрај повеќето апели да се дислоцираат кајчињата од брегот, граѓаните останале глуви, така што таа работа ќе ја извршат комуналните служби на товар на сопствениците на кајчињата.
Единствен проблем засега е просторот каде ќе бидат одлагани кајчињата, вели Танасоски кој очекува наскоро да биде решена и оваа дилема.
Г. Момироски












