Иако, има одлука за поставување на спомен обележјето на божицата „Изида“,,,  донесена од Советот на Општина Охрид,  Локалната Самоуправа, како официјален подносител на Иницијативата, не презема ништо конкретно,  за да се постави ова спомен обележје, велат од ОПЕМ- Охрид.

–     Во неформалните разговори, што ги обавивме со надлежните, бевме информирани дека проблем биле финансиите како и генералниот став да не се поставуваат спомен обележја. Јавно прашуваме дали Египканите не се даночни обврзници, дали  не се лојални грагани на Охрид и Република Македонија, дали Египкание требаат само за време на избори, стои меѓудругото во реакцијата од ОПЕМ.

Оттаму со совет  до надлежните да  побараат средства од Министерството за култура  со цел заедно да се реализира проектот за поставување на спомен обележјето.

Доколку не дојде до конкретна реализација, велат од ОПЕМ,  ќе поднесеме претставка и до  Комисијата за спречување на дискриминацијата, како и до народниот правобранител, а можни се и протести.

OhridNews